Предупредување за корисниците на iPhone

Не отворајте ја пораката која кружи оваа недела и крие опасен вирус

 |  инфодеск  | 

Мобилните уреди и понатаму се далеку побезбедни од персоналните компјутери и корисниците имаат помлку проблеми со хакерите, а тоа посебно се однесува за корисниците на Apple и нивниот iPhone бидејќи повеќето безбедносни проблеми беа поврзани со Android.

Но, безбедносните експерти се сложуваат кога велат дека е прашање на време кога хакерите и онлајн криминалците ќе почнат масовно да ги напаѓаат паметните телефони, вклучувајќи ги и уредите на Apple. Од Apple оваа недела ги предупредија корисниците на порака која кружи меѓу корисниците на iPhone за која се чини дека е пратена од Apple и во неа се предупредува дека iTunes профилот е привремено блокиран и мораат да кликнат на линкот за да ги потврдат своите податоци.

Станува збор за порака која, секако, не ја праќа Apple, туку измамници и приложениот линк крие опасен вирус, така што доколку ја добиете треба веднаш да се избрише. Apple никогаш по пат на порака или e-mail нема да побара впишување на лични податоци како лозинка и информации за кредитни картички така што во вакви пораки најчесто се кријат вируси и малициозни програми, а корисниците не би требало никогаш да ги отвораат.

Пожелно е да се внимава на кои страници ги впишувате своите лични податоци поврзани со Apple сметката и треба да се впишуваат само на официјалните страници на Apple.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top