Новиот iPhone ќе биде прв со бежично полнење?

Оваа технологија треба да овозможи полнење на уредот иако не е директно сместен на полнач

 |  инфодеск  | 

Во Apple наводно развиваат нова технологија за бесконтактно полнење на батеријата кое пазарното деби би можело да го има со изданието на новиот iPhone, а примената би можела да се најде и во iPad.

Таа технологија ќе овозможи полнење на батеријата на уредите иако не се сместени директно на полначот, што на Apple би можело да му донесе предност во однос на конкуренцијата (Microsoft, Samsung и други) чии корисници веќе ќе можат да ги уживаат предностите на своите уреди.

Се чини малку веројатно е дека оваа технологија ќе се најде на iPhone 7 кој треба да се појави во септември оваа година бидејќи инженерите на Apple наводно сеуште се борат со проблемот на губиток на енергија за време на бежичниот пренос на енергијата. Повеќе веројатно е дека оваа технологија ќе се примени на моделите 7S и 7Ѕ Plus, но во Apple секогаш и сѐ е можно.

Споменатиот iPhone7 би требало да има потполно нов дизајн, со цврсто водотпорно куќиште и без влез за слушалки, а би можел да понуди и екран со поголема резолуција со технологијата на Samsung OLED, подобрено траење на батеријата, повеќе меморија и подобра камера.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top