Снежното невреме кое го парализира поголемиот дел од источниот брег, го запре животот во Вашингтон и предизвика затворање на патишта, мостови и тунели во Њујорк.
Најмалку 19 лица го изгубија животот во неколку американски сојузни држави, најголем дел поради сообраќајни незгоди, а три лица починале во градот Њујорк чистејќи снег.
68 цм снег кој падна во Њујорк до полноќ е второ најголемо невреме во историјата на градот од 20 милиони жители. И во главниот град Вашингтон ова е второ најлошо време во историјата со 60 цм снег. Рекордот е од 1922 година кога во Вашингтон паднало 71 цм снег.
На брегот на ЊуЏерси силните ветрови кои ја следеа снежната бура предизвикаа плима и поплави во неколку градови и во тие делови жителите се евакуирани.
Гувернерот на Њујорк, Andrew Cuomo прогласи вонредна состојба, а истото го направиле и гувернерите на уште десет сојузни држави на истокот од САД.
Во градовите Њујорк и Вашингтон јавниот градски сообраќај е прекинат поради голем снег и силни ветрови, а до самата Бела куќа се забележани 40 цм снег, додека на меѓународниот аеродром Dulles 90 цм.
Поради невремето во Вашингтон не успеале да се вратат ниту аериканскиот потпретседател Џо Бајден ниту министерот за одбрана Ештон Картер кои наместо во главниот град слетале на Флорида.
Вкупната бројка на откажани летови поради невремето е 3.300, а на подрачјето на Северна Каролина и ЊуЏерси околу 240.000 луѓе останале без струја.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град