Heineken превзеде 97% од пиварата Лашко

Понудата на Heineken ја прифати и управата на Пивара Лашко

 |  инфодеск  | 

Холандскиот концерн Heineken објави дека мнозинството на малите акционери на Пиварата Лашко ја прифатила понудата за откуп на нивните акции и на тој начин сопственичкиот удел во словенечката пивоварска индустрија ја зголеми од 43,49 на 96,92%.

Понудата на Heineken, акциите на малите акционери да ги превземе под исти услови и цена како и акциите на банките и фондовите кои ги купи минатата година, успеала, објави Heineken. Со тоа сопственичкиот удел е зголемен на 96,92% па превземањето на Пивоварна Лашко, која има две големи пивари во Лашко и Љубљана, се смета за успешно по словенечките закони за превземање на компании.

Понудата на Heineken ја прифатила и управата на Лашко, продавајќи ги своите акции кои се платени по цена од 25,56 евра по акција.

Heineken на овој начин ја осигурал и отплатата на 185 милиони кредит кои го имале двете пивари спрема банките, осигурувајќи ја својата позиција на регионалниот пазар, со задржување на веќе постоечките брендови на локалниот пазар.

Словенечката индустрија за пиво и минерална вода мораше да биде продадена откако последните години голем дел од приходите сервисираше во финансиски обврски спрема банките, кои пак мораа да ги одложуваат роковите за исплата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top