Јужна Кореја покрена бучна пропагандна кампања преку границата како одмазда поради овонеделниот тест на нуклеарно оружје на Северна Кореја, а САД ја повикаа Кина да го заврши досегашниот неуспешен пристап спрема својот сојузник Пјонгјанг.
Од ѕидови со звучници на 11 места долж милитаризираната граница помеѓу Јужна и Северна Кореја се емитува критика на режимот во Пјонгјанг како и корејска поп музика. Емисијата, која северот ја смета за навреда, последен пат кога беа користени доведоа до размена на оган.
Звукот од звучниците кои ги постави Јужна Кореја е толку силен што може да се чуе на 10 км во Северна Кореја во текот на денот, а на двојно поголемо растојание за време на ноќта, известила јужнокорејската агенција Yonhap.
Северна кореја ги зајакна своите воени сили на првата линија, а Јужна Кореја ја подигна воената готовност на највисоко ниво на местата каде се наоѓаат звучните ѕидови.
Сеул најави одмазда доколку Северот ја нападне нивната опрема и ја зголеми приправноста на својата сајбер безбедност.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град