Додека Иран тврди дека неговото враќање на пазарот нема да влијае на понатамошно паѓање на цената, лидерите на нафтените компании и инвестициските банки прогнозираат дека барелот своето ценовно дно ќе го достигне во првото тромесечие од оваа година. За време на викендот во радиската емисија на BBC гостувал извршниот директор на нафтената компанија BP, Bob Dudley, и тој изјавил дека најниската точка на цената на нафтата би можела да биде во март.
“Цените ќе останат ниски подолг период, околу неколку години”, истакнал Dudley. Спрема неговото мислење, “поприродна рамнотежа” помеѓу понудата и побарувачката би можела да се врати во третиот или четвртиот квартал од годината.
Цената на Brent нафтата лани падна за 34% откако во 2014 потона за 48%, а моментално барел, Brent, нафта се продава за помалку од 37 долари што е најниска цена во последните 11 години.
За тоа е заслужна производната трка на Блискиот исток и САД по глобален удел на пазарот, со што настана досега незабележан вишок во понудата.
Прогнозата на шефот на BP ја дели и швајцарската банка Credit Suisse. Нејзините аналитичари оценуваат дека до 2020 година цената ќе се движи околу максимални 65 долари за барел. Иако ова значи дека цената ќе е за двојно поголема од моменталната, но во однос на летото 2014, кога барелот вредеше повеќе од 100 долари, нафатата и понатаму ќе биде евтина.
Аналитичарите на Goldman Sach велат дека цената на нафтата би требало да падне на 20 долари по барел за да се намали прекумерното производство и овозможување на рамнотежа на глобалниот нафтен пазар.
Аналитичарите на Morgan Stanley, исто така, во 2016 година не очекуваат стабилизација на пазарот и покрај намаленото производство од страна на САД.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град