Пет совети за побезбедно возење по снег

Снегот и мразот се изнимно опасни појави на патиштата

 |  инфодеск  | 

Возење по снег и мраз воопшто не е лагодно па затоа придржување на овие совети носат полесно пребродување на лошите временски услови.

Управување – Доколку автомобилот започне лизгање на патот, најмалку што е потребно е убрзување и нагли и непромислени движења на управувачот. Веднаш треба да се притисне на кумплуг и отпуштање на кочницата. На тој начин најефикасно се овозможува повторно спојување на гумите и коловозот. Возилото треба да се управува во насока на занесувањето, односно додека не се почуствува спојување на возилото со патот или додека возилото не застане.

Држење растојание – Одржувајте потребно растојание со другите возила и прилагодете го спрема условите на патот за да успорувањето или застанувањето биде без опасност. Мразот може да предизвика до десет пати подолг пат на кочење во однос на сув коловоз.

Степен на пренос – Префрлување во понизок степен на пренос, автомобил со преден погон дополнително ќе создаде притисок на предната осовина и единствено што е потребно е да се внимава при влегување во кривина. Ситуацијата дополнително се влошува кај автомобилите со заден погон бидејќи задната осовина го кочи моторот. Што се однесува на возилата со погон на сите четири тркала, тие немаат такви проблеми, забрзува подеднакво на двата краја на возилото, но секако треба да се внимава при кочење бидејќи автомобилот секогаш тежи и подолг е патот на кочењето.

Пролизгување – Потребно е полека управувачот да се насочи слично како кога не се сака да се влезе во кривина, а притоа да се притиска педалата за кумплуг за да се ослободи предната осовина, а возилото со инерција да се врати во првобитната насока. Ако говориме за екстремни ситуации, обидете се со лесно додавање на кочницата, односно кочење со задршка, но никако притискање на кочницата до крај.

Кочење – Дозволете му на автомобилот што повеќе да се заснова на својата инерција, односно триење. Потоа може лесно да се додаде притискање и отпуштање на кочницата, и тоа да се повторува сѐ додека возилото не застане. Со притискање на кумплугот му допуштаме на возилото самостојно да се исправи, слободното движење дава можност за управување на возилото. На пример, ако возилото пролизга со притискање на кумплугот возилото добива можност да може да се управува. Успорувајте така што ќе префрлите во пониска брзина од претходно, а педалата за кочница користете ја нежно. Во спротивно ќе дојде до блокирање на тркалата. Најважно е додека возилото пролизгува да не се употребува нагло кочницата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top