ЕУ се заканува со процедура која сеуште не е применета кон никого

“Имаме повеќе причини да го активираме механизмот за заштита на правната држава”

 |  инфодеск  | 

Европскиот комесар за дигитално стопанство Guenther Oettinger се закани денес во Варшава дека ќе покрене постапка која досега не е видена, поради повреда на темелните вредности на Европската унија, откако полскиот парламент донесе закон со кој јавните медиуми се ставаат под надзор на конзервативната партија на власт.
“Имаме повеќе причини да го активираме механизмот за заштита на правната држава и да ја ставиме Варшава под надзор” рекол Oettinger за неделниот број на весникот Frankfurter Allgemeine Zeintung.
Во средата полските пратеници прифатиле спорен закон со кој моментално им престанува мандатот на членовите на управниот и надзорниот одбор на јавните радио и телевизија.
Како што наведува весникот, претседателот на Европската комисија, Jean Claude Juncker го ставил прашањето на дневен ред на следниот состанок на комисијата на 13 јануари.
Според пишувањето на весникот, Juncker има намера да ја примени процедурата, која е донесена во 2014 година и која ќе се применува на земји во кои ќе се увиди “системско загрозување на правната држава”. Ако таа земја не реагира на промените кои ги предлага комисијата, таа може да покрене процедура поради “повреди на темелните европски вредности”.
“Тоа сеуште не се случило, но одлуката за санкции може да оди дотаму што би можело да и се одземе правото на глас во Европскиот совет, додава весникот.
Донесувањето на тој закон предизвика бура во меѓународната јавност. Повеќе медиумски организации како што се Европската унија на радиотелевизии, Европското новинарско друштво и Репортери без граници изразија протест поради одредбите во тој закон, а потпретседателот на Европската комисија Frans Timmermans побара образложение од Варшава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top