Во Македонија постудено отколку на Северниот пол

Бран на топол воздух над Арктикот предизвика 30 степени повисоки температури од вообичаените

 |  инфодеск  | 

Просечната температура на Северниот пол во овој дел на годината е минус 30 степени целзиусови, но вчера е забележана температура од нула степени.

Бран на топол воздух над Арктикот предизвика температурите на Северниот пол да се 30 степени целзиусови над вообичаените за овој дел од годината.

На Северниот пол температурите во средата беа околу нулата, објавија метеоролошките служби во светот. Бурите над северниот дел на Атлантикот кои предизвикаа поплави во Британија и САД го истуркаа топлиот воздух кон Северниот пол.

Иако оваа информација како куриозитет ја забележаа бројни светски медиуми, професорката на Институтот Niels Bohr во Копенхаген предупредува дека поради топлиот воздух на Арктикот не треба да се носат брзи заклучоци.

“На Арктикот има големи варијации во вообичаените температури и зависат од насоката на ветровите, но и од други временски прилики”,  рекла Dorthe Dahl-Jansen.

“Просечната температура на Северниот пол во овој дел од годината е минус 30, но забележана е и температура од  минус 47, но забележани се и оние блиску до нулата”, истакнала таа.

“Големи варијации таму се вообичаени и налетите на топол воздух во зима не е необична појава”, рекла Jansen.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top