Седмото продолжение на култната SF сага, “војна на ѕвездите”, заработи за Божик 49,3 милиони долари во кината во Северна Америка и за двојно го надмина минатогодишниот божиќен рекордер Sherlock Holms кој заработи 24,6 милиони долари.
Новиот “војна на ѕвездите” се прикажува втор викенд во повеќе од 4.000 северноамерикански кина, а се проценува дека само за продолжениот викенд за Божик ќе има приход од повеќе од 140 милиони доалри. Со тоа заработката од 10 дена прикажување треба да се зголеми на скоро 530 милиони долари.
Филмот во кои актери се Daisy Ridley, John Boyega, Harrison Ford и Carrie Fisher , во режија на Jeffrey Jacob Abrams, повторно ја заинтересира јавноста за епско-фантастичната франшиза кои ја направи режисерот George Lucas во 1977 година, а ја превзеде Disney пред три години.
По проценките, приходите од прикажување во кината ширум светот до крајот на божиќните празници би можеле да преминат една милијарда долари со што би бил срушен уште еден рекорд.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град