Австралија: Најпродаван подарок за Божик е персонализирана Nuttela

На етикетата наместо црно-црвеното лого, можело да се запише било кое име или фраза

 |  инфодеск  | 

Стаклена тегла со името на примателот на етикетата е хит изненадување за овој Божик и најпродаван производ во продавниците во Мелбурн.

Една од најголемите трговски продавници во Австралија, Myers, за време на божиќните купувања во државата Викторија, продала повеќе од 400.000 персонализирани тегли на овој омилен производ за мачкање од лешник и чоколада.

На етикетата, наместо црвено-црното лого Nuttela, можело да се напише било кое име или фраза. “Тоа е идеален подарок за оној за кого е тешко да се одбере подарок, но и за оние кои веќе имаат сè. Ова со сигурност го немаат”, коментирале задоволните трговци.

Кампањата го привлекла вниманието на медиумите кога петгодишно девојче било одбиено за издавање натпис бидејќи името ѝ било Isis, што е акроним за милитантите на Исламската држава ISIS.

На обидот за впишување на нејзиното име реагирал компјутерот со предупредување дека шефот на продавницата одбил да издаде таква етикета.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top