Италијански град ги забрани пиците поради загадување на воздухот

Привремена забрана на традиционалниот начин на печење пици

 |  инфодеск  | 

Град во Италија привремено го забрани традиционалниот начин на печење на пици за да се намали загадувањето на воздухот, пренесува BBC.

Со одлука на градоначалникот на Сан Виталиано, град во близина на Неапол, е забрането користење на фурни и печки на дрва во пицериите и пекарите додека сопствениците не постават посебни филтри за намалување на загадувањето.

Мерката е донесена поради “големата загриженост” со влошувањето на квалитетот на воздухот. Забраната ќе ја контролира полицијата, а оние кои ќе ја прекршат би можеле да бидат казнети со илјада евра.

Лошиот квалитет на воздух е долгогодишен проблем на Сан Виталиано. Спрема локалниот весник Il Mattine таму загадувањето е полошо од она во Пекинг, а блискиот Неапол, често синоним на загаден град, во споредба со Сан Виталиано изгледа како цветна градина. Оваа година Сан Виталиано прагот на дозволена емисија на штетни гасови го надминал 114 пати.

Но, не се сите уверени дека за тоа се виновни пиците и граѓаните протестирале против одлуката. “Невозможно е ние да сме причината за сиот тој смог. Неапол има многу повеќе пицерии од Сан Виталиано, а чист воздух. Очигледно е дека не сакаат да се занимаваат со вистинските виновници”, рекол еден од протестантите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top