BMW казнет за возилата кои не поминале “crash” тест

За истиот пропуст BMW бил казнуван и во минатото

 |  инфодеск  | 

Американските регулатори за безбедност во сообраќајот изрекоа казна од 40 милиони долари на германскиот производител на автомобили BMW поради пропусти во повлекувањето на возилата кои не го поминале таканаречениот “crash” тест, односно тестирање на возилата при судир.

Националната агенција за безбедност на патиштата (NHTSA) наведува дека компанијата признала дека не ги почитувала американските стандарди за навремено повлекување на возилата кога се работи за отповикување на моделот Mini Cooper Hardtop со две врати, кој паднал на тестовите во 2014 и 2015 година, пренесува агенцијата France Presse.

NHTSA во 2012 за истиот пропуст го казни BMW со три милиони долари.

Агенцијата ѝ наложи на компанијата да плати казна од 10 милиони долари, како и да вложи 10 милиони долари во подобрување на својата бизнис пракса, вклучувајќи ангажман на независни советници.

Преостанатите 20 милиони долари BMW ќе мора да ги плати доколку не ги спроведе бараните мерки или ако повторно ги прекрши прописите, наведува NHTSA.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top