По неодамнешниот терористички напад во САД, во кој пар радикални муслимани убиja 14 лица, републиканскиот претседателски кандидат Donald Trump рече дека на муслиманите треба да им се забрани во потполност влегување во САД. Оваа негова изјава предизвика лавина на реакции и критики ширум светот, а некои се плашат дека ваквите изјави на кандидатите за најважната и најмоќна позиција на светот би можеле да доведат до нови конфликти и напади на исламистите врз САД. Додека некои муслимани праќаат пораки до Trump во кои му порачуваат дека нивните деца војуваат против тероризмот во Ирак и Авганистан, а во Велика Британија се потпишуваат петиции за забрана за влегување на Trump во таа земја, на Facebook се огласи и основачот и извршен директор на оваа компанија кој упати порака и поддршка на муслиманите ширум светот.
Во објавата која надмина еден милион лајкови напишал како не може ниту да замисли како денес се чувствуваат сите оние муслимани кои ги прогонуваат поради постапките на некои други. Тој додал дека, како Евреин, родителите го научиле да се бори против нападите на сите заедници бидејќи “иако денес можеби тие напади не се насочени против вас, со време нападот на слободата ќе им наштети на сите”.
“Ако сте муслиман во оваа заедница, како лидер на Facebook, сакам да знаете дека овде сте секогаш добродојдени и ќе се бориме за заштита на вашите права и така ќе направиме мирно и безбедно опкружување за вас”, порачал во објавата на Facebook, Zuckerberg, и додал: “Не смееме да губиме надеж. Додека се држиме заедно и едни со други да гледаме добрина, можеме да изградиме подобар свет за сите луѓе”.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град