Volskswagen ги продава Bentley и Lamborghini?

Volkswagen веќе го започна финансиското реструктуирање

 |  инфодеск  | 

Како што пренесува Reuters, извори блиски до Volkswagen наведуваат дека германскиот гигант би можел да се одлучи на продажба на одредени брендови во своја сопственост за да го исплатат кредитот од 20 милијарди евра кој неодамна го земаа за да се изборат со трошоците за актуелниот скандал со софтверот за емисија на штетни гасови.

Превземениот кредит од 20 милијарди евра Volkswagen ќе мора да го врати во потполност во рок од само една година, а германската компанија веќе почнала да размислува како да дојде до пари во најлошото можно сценарио.

Доколку компанијата не успее да ги врати парите, први на листата за продажба се инженерската компанија MAN, а доколку ова не биде доволнo, Volkswagen размислува за продажба на Bentley, Lamborghini и Ducati.

Volkswagen веќе почна со финаниско реструктуирање на фирмата, а првиот потег е укинување на бројот на верзии од своите модели кои ќе заштеди 1,9 милијарди евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top