Илјадници евра најдени во Дунав

Пари кои пловеле по површината на реката поттикнале момче да скокне по нив

 |  инфодеск  | 

Полицијата во Виена врши истрага на кој начин повеќе од 100 илјади евра во банкноти од 100 и 500 евра завршиле во Дунав и продолжиле да пловат по реката, пишува BBC.

Истрагата досега покажала дека во околината не е направено никакво злосторство ниту грабеж, рекол портпаролот на виенската полиција.

Парите кои плутале по површината на реката поттикнале едно момче да скокне во ледената река и да започне да ги собира банкнотите, но случајни минувачи помислиле дека сака да изврши самоубиство, па ја повикале полицијата. Полицијата стигнала во моментот кога момчето ги собирало банкнотите.

“Момчето рече дека сакало парите да ги предаде во полиција, но прашањето е кој навистина ги пронашол парите – полицијата или момчето”, рекол портпаролот.

Имено, во Австрија прописите велат дека кој ќе пронајде пари и ги предаде на полицијата може да побара помеѓу 5 и 10% од пронајдената сума, а доколку во рок од една година не се појави сопственикот, целокупната сума му припаѓа на пронаоѓачот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top