David Coelho, дизајнер од Њујорк, на Indiegogo претстави ShiftWear патики кои на своите страни имаат флексибилен e-ink колор екран, а нивниот изглед ќе може да се менува со само едно кликнување.
Имено, Coelho замислил со патиките да доаѓа и апликација која ќе нуди цела галерија на различни примероци кои ќе можат да се активираат. Освен страничните фотографии, оние кои сакаат да привлечат повеќе внимание ќе можат да активираат и анимирани фотографии.
Батеријата во патиките ќе има времетраење од еден месец, ако се користи статична фотографија. Ако се извалкаат тие ќе можат да се перат во машина за перење, а самите патики ќе бидат во три различни верзии (ниски, средни и високи).
Почетокот за испорака се планира наесен идната година, а за цената од 150 долари за еден пар ќе треба да се додадат и трошоците за испорака.
Coelho ја надмина основната цел од 25.000 долари, а до денес имаат собрано скоро 42.000 долари за проектот.
На линкот можете да ја видите презентацијата на ShiftWear.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град