Германските власти го уапсиле трговецот со оружје кој на терористите на Исламската држава, кои ги изведоа нападите во Париз, им продал автоматски пушки.
Спрема документите кои истражителите им ги доставиле на државниот обвинител, напаѓачите од Париз, четири калашникови нарачале преку интернет од 34 годишен шверцер со оружје во Германија на почетокот на ноември, известува Bild, а пренесува RT.
Четирите автоматски пушки, две АК-47 произведени во Кина и две М70ѕ произведени во Застава во некогашна Југославија, осомничениот Sascha W. од Baden-Wurttemberh на 7 ноември им ги продал на купец од Париз, наводно со арапско потекло.
Имено, Sascha е уапсен кога властите покренале истрага за онлајн платформите за илегална продажба на оружје. Полицијата наведува дека осомничениот учествувал во најмалку осум случаеви на продажба на оружје од 14 до 18 ноември оваа година.
“Можам да потврдам дека еден маж е во притвор под сомнение за продажба на оружје”, рекол портпаролот на обвинителот на државата Baden-Wuerttemberg, додавајќе дека апсењето е извршено во вторникот.
Во Германија претходно се уапсени уште двајца мажи осомничени за “загрозување на безбедноста на државата”. Повеќе од 300 полицајци учествувале во рацијата која довела до апсење на 28 годишен маж без пасош и 46 годишен државјанин на Тунис.
Рацијата е направена во исламскиот културен центар во Берлин, а уапсените наводно планирале напади во Берлин.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град