Хакирана интернет страницата на Исламска држава

На местото од страницата порака “смирете се” и реклама за Виагра

 |  инфодеск  | 

Хакерската група Ghost Sec, поврзана со познатите Anonymous, ја срушила интернет страницата која се нарекува исламистичка и наместо пропагадни пораки кои ги праќаат милитантите објавиле порака “смирете се” и реклама за Виагра, пишува Independent.

На читателите на порталот им оставиле пораки дека на неа има премногу ISIL. “Зголемете ја својата смиреност. Премногу луѓе се занимаваат со ISIL. Ве молиме да ја погледате оваа прекрасна реклама за да ја подобриме вашата инфраструктура и да ви дадеме содржина на ISIL по која очајнички тежнеете” напишале хакерите на страницата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top