Оперативниот систем Android знае да биде многу подложен на вируси и проблемот е што многу корисници не се ниту свесни дека нивниот смартфон е заразен. Ако воочите некои од овие пет знаци постои можност дека токму вашиот телефон некаде собрал вирус и дека му е потребно чистење.
–Кратко времетраење на батеријата – Секој кој често користи смартфон отприлика знае колку му трае батеријата. Но ако вашиот уред е заразен со вирус векот на траење на батеријата драстично ќе се намали.
–Пропуштени повици – Мобилните вируси можат да влијаат на појдовните и дојдовните повици. Голем број на пропуштени повици или пречки за време на повиците можат да укажат на тоа дека вашиот смартфон е заразен со вирус.
–Поголеми сметки – Вирусите често без контрола праќаат СМС пораки од вашиот телефон и тоа на посебни телефонски броеви кои дополнително се наплатуваат.
–Зголемен интернет сообраќај – Слично како кај телефонските сметки постојат вируси кои тајно го користат интернет сообраќајот и на тој начин го зголемува прометот.
–Успорена работа на уредот – Зависно од хардверските спецификации на уредот, вирусите можт да предизвикаат големи проблеми со перфомансите и работата на телефонот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град