Американец кој успеа да го преживее нападот на терористите во париската сала Bataclan каде беа убиени 87 луѓе, веќе му е втор пат за влакно да ја избегнува смртта бидејќи истото му се случило и во најголемиот терористички напад на зградите близначки во Њујорк на 11 септември 2001 година.
36 годишниот Matthew во Bataclan бил погоден во нога, но се правел дека е мртов. Малку по малку, користејќи ја ситуацијата додека терористите ги полнеле оружјата, исползел до безбедно место.
“Се поместував буквално центиметар по центиметар. Во еден момент, сфатив дека сум скоро до излезот и само го поткренав прстот”, раскажал за Le Mond, а пренесува Independent. Од салата најпрво го извлекол новинарот на Le Mond, Daniel Psenny и го однесол во својот стан кој бил во близина.
“Кога почуствував дека некој ме влече за рака во себе си реков – Ох ти благодарам ангелу мој”, раскажал Matthew кој по втор пат успеал да избегне напади на терористи.
Имено, на 11 септември 2001 година тој одел на работа во Њујорк кога авионот на United Airlines, кој го грабнаа терористи, се урна во World Trade Center.
“Трчав преку половина Менхетн и беше ужасно. Но, ова што го преживеав во Bataclan беше илјада пати полошо”, заклучил Американецот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град