Франција возврати со бомбардирање на главниот град на џихадистите

Франција го изведе најобемниот напад досега

 |  инфодеск  | 

Француските борбени авиони доцна синоќа го изведоа досега најобемниот напад врз Исламската држава во Сирија, поточно во упориштето на екстремистите, Рака, кој тие го сметаат за своја престолнина.

Како што најави, францускиот претседател Франсоа Оланд жестоко одговори на крвавите терористички напади во Париз.

Француските бомбардери го нападнаа сирискиот град Рака и го уништија командниот центар и кампот за обука.

Во калифатот веднаш потоа завладеала паника. Заканата која ја прати францускиот претседател била јасна и во калифатот сега стравуваат дека Французите ќе го направат она што го направија САД по нападите на 11 септември 2001 година, кога напросто ја демолираа талибанската држава.

Нападот уследи два дена по терористичките напади во Париз во кои беа убиени 129 луѓе, соопшти министрството за одбрана.

Во нападот, кој истовремено бил координиран од Обединетите Арапски Емирати и Јордан, учествувале 12 летала, од кои 10 борбени авиони. Исфрлени се 20 бомби и погодени се 30 цели, пренесуваат агенциите.

Операцијата е покрената во соработка со американските сили. За време на ударот се погодени командниот и регрутниот центар на џихадистите, складиште со муниција и кампот за обука на борци, се вели во соопштението на француското министерство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top