Низа терористички напади во Париз, убиени 120 луѓе

Една од експлозиите била во близина на стадионот каде играа Германија и Франција, а каде присуствувал и претседателот Holland

 |  инфодеск  | 

Париското обвинителство потврди најмалку 120 убиени луѓе во низата терористички напади во Париз, вклучувајќи го и масакрот во концертната сала Bataclan и самоубиствениот напад во експлозијата во близина на стадионот Stade de France.

Парискиот државен обвинител Francois Molins рано утрово изјави дека во нападите се убиени најмалку 120 луѓе, што е прва бројка на настрадани кој ја изнесе некој официјален извор. Molins рекол дека за време на минатата ноќ се неутрализирани најмалку пет напаѓачи, од кои тројца во концертната сала.

Околу 1.500 лица дошле во Bataclan на концерт на групата Eagles of Death Metal, сала која е во близина на весникот Charlie Hebdo, поприштето на терористичкиот напад на исламистите во февруари оваа година.

“Двајца или тројца вооружени со калашникови упаднале во салата и почнале наслепо да пукаат по луѓето”, рекол новинар на радиото Europe1 Julien Pearce, кој бил во салата. “Тоа траеше 10 до 15 минути. Беше исклучително насилно. Почна паника, сите трчаа и се сопнуваа”, додал тој.

Неколку други сведоци рекле дека напаѓачите извикувале “Allahu Akbar” и го обвинуваа претседателот Francois Holland за нападите во Сирија.

Спрема полициските извори, тројца напаѓачи се убиени во полициската акција. Спрема сведоците, напаѓачите биле маскирани и на себе имале појаси со експлозив.

“Пукаа право во толпата. Крв имаше насекаде, мртви насекаде”, рекол сведокот Pierre Janaszak.

Спрема првите информации нема настрадани членови од калифорниската група која оддржувала концерт.

Вкупно се случиле шест или седум симултани напади во неколку делови од градот. Најмалку три експлозии од кои една ја предизвикал бомбаш самоубиец во близина на стадионот Stade de France каде се играше пријателски натпревар помеѓу Франција и Германија, а на кој присуствуваше и самиот претседател Holland.

Во останатите делови од градот имало пукања во неколку ресторани и трговски центри.

Францускиот претседател во обраќањето на нацијата најави прогласување на вонредна состојба, на полицијата им е прекинат одморот, а болниците го повикаа својот персонал за да се справат со големиот број повредени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top