Службеник на финското министерство за социјални прашања, познатo како KELA, рекол дека секој Финец би можел да добива по 800 евра месечно неоданочени.
Како што се наведува, ова би требало да започне како пилот проект кој го покренува владата, а во експерименталната фаза таа помош ќе изнесува 550 евра, а подоцна кога проектот ќе се применува во потполност ќе се зголеми на 800 евра месечно. KELA, предлогот би требала да го претстави до ноември идната година, но на многумина ова им звучи нереално, пишува Bloomberg.
Финската економија беше во рецесија непрекинато од средината на 2012 година, а моментално не се прогнозира раст. На стопанството лошо влијаеше падот на Nokia како лидер на пазарот за мобилни телефони. Ако се издвојуваат по 800 евра месечно за секој Финец, тоа државата би ја чинела 52,2 милијарди евра годишно, а со пресметката за буџетот за 2016 година приходите би биле 49,1 милијарда евра.
Проектот за минимален основен доход не поминал ниту во побогати земји како што е Швајцарија, но во Финска ситуацијата е поинаква бидејќи ужива голема поддршка и општо во јавноста.
Во неодамна спроведено истражување 69% од испитаниците го поддржале планот за воведување на основен доход со заклучок дека 1.000 евра би бил примерен износ. И меѓу политичките партии постои широка поддршка за оваа идеја, а премиерот Juha Sipila идејата ја смета за привлечна и верува дека нејзината примена би можела да го поедностави системот за социјална помош.
Просечната плата во Финска изнесува 3.000 евра месечно, што е далеку од предложените 800 евра за минимален основен доход кој го предлага KELA и затоа се верува дека проектот не би требало да го поттикне неработењето на Финците. Зголемувањето на стапката на невработеност на 11% ги вклучи алармите во Финска, а идејата за минимален основен доход стана уште попривлечна. Прашање е дали само сака или навистина државата ќе може да го финансира овој проект.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град