Незапирлив раст над сите очекувања на Facebook

“Следниот предизвик на оваа компанија е да ја привлече следната милијарда корисници”

 |  инфодеск  | 

Пред помалку од три години бројни пазарни аналитичари и новинари говореа за Facebook како издуван балон кој има многу корисници на кои не може доволно да се заработи и ја критикуваа мобилната стратегија на Zuckerberg, додека некои пак препорачуваа и продажба на акциите на оваа компанија. Ова се случуваше недолго по излегување на берзата и неколкуте месеци тргување со акциите на Facebook и се чинеше дека се заканува права катастрофа за компанијата.

Ситуацијата овие три години радикално се смени, а колкав напредок е постигнат во времето од излегување на берза до денес најдобро говорат податоците за бројот на корисници и работењето кое Facebook го објави вчера. Приходите и профитот за ова тромесечие ги надминаа сите очекувања на аналитичарите од Wall Street и по прв пат бројот на дневни корисници беше поголем од една милијарда што е зголемување од 17% во однос на истиот период лани. На месечно ниво Facebook го користат 1,55 милијарди луѓе додека цената на акцијата на оваа компанија скокна за скоро 5%.

Во тромесечието кое заврши во септември, Facebook отствари 4,5 милијарди долари приход, што е зголемување од 41% во однос на третиот квартал од 2014 година, а освен зголемување на приходот и бројот на корисници, Zuckerberg се пофали и со бројот на корисници на останатите сервиси – Instagram месечно го користат повеќе од 400 милиони луѓе, Messenger повеќе од 700 милиони, а WhatsApp месечно го користат повеќе од 900 милини луѓе.

Коментирајќи ги овие резултати и работењето на Facebook, извршниот уредник на Cnet, Ian Sherr, рекол дека следниот предизвик на оваа компанија е да ја привлече следната милијарда корисници и дека Zuckerberg е спремен за овој предизвик.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top