Twitter смени една од своите најпознати карактеристики

Twitter во поптполност го смени копчето “favorite”

 |  инфодеск  | 

Twitter сервисот за социјално умрежување и микроблогирање, своето популарно “favorite” копче го замени со “like”, односно црвено срце кое ќе функционира токму како некогашната ѕвездичка.

Компанијата со овој потег очигледно е дека сака да привлече нови корисници.

“Twitter сакаме да го направиме поедноставен, а ѕвездичката e збунувачка за новите корисници”, рекол Akarshan Kumar, продукт менаџерот и додал “можете да сакате многу работи, но не можат сите да ви бидат омилени”.

Откако ова лето ја тестираа новата карактеристика, Twitter ја овозможи за корисниците. Тестовите покажале дека луѓето на кои им биле овозможени срциња наместо ѕвездички, ја користеле многу повеќе, што е знак дека лајковите и срцињата на некој начин станале универзални, таканаречени валути на социјалните мрежи, од Facebook до Tumblr па сѐ до Instagram.

“Срцето е почувствително, овозможува изразување на низа емоции и полесно спојување на луѓето. Нашите тестирања покажале дека на луѓето тоа им се допаѓа”, додале од Twitter.

Twitter е креиран во март 2006 година, а страницата со работа започна во јули 2006 година. Сервисот меѓународната популарност ја стекна во многу краток период, а денес брои преку 500 милиони корисници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top