Facebook ја укинува опцијата која беше присутна со години

Социјалната мрежа темелно го менува начинот на комуникација меѓу корисниците

 |  инфодеск  | 

Facebook одлучи да ја напушти една од своите најкритизираните и збунувачки компоненти – “Other” (друго) фолдерот во вашиот инбокс, односно “други пораки” во одделот пораки.

Социјалната мрежа “Other” го замисли како канал по кој можат да ви се јават сите оние кои тоа го сакаат а не ви се пријатели. Меѓутоа, бидејќи таа опција не заживеа во правиот смисол на зборот, Facebook одлучи “Other” да го замени со нова опција “message request” (барање за порака) за да можат да ве контактираат луѓе со кои не сте пријател.

Facebook тврди дека оваа нова алатка ќе ја елиминира потребата за телефонски броеви и се надева дека ќе отвори можност за експанзија на апликацијата Messenger.

“Единствена работа која сега е потребна за разговор со некого е името на лицето”, рекол инженерот во Facebook David Marcus. “Правилото е едноставно, ако сте пријатели, ако имате контактни информации или ако имате претходен разговор, тогаш сите нови пораки одат во inbox. За се останато ќе постои “message request”, тука не го вклучуваме spam, против кој ќе продолжиме да се бориме”, додал Marcus.

“Message request” ќе функционира слично како и “other”, со тоа што ќе може да се види делумичен приказ на пораката и лицето кое ви ја праќа. Кога ќе ја проучите содржината ќе можете да ја “прифатите” или “игнорирате” пораката.

“Message request” ќе биде достапна и на messenger апликацијата каде претходно “other” беше достапен само за компјутерите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top