Иднината на јавниот превоз е небесното такси

Наскоро започнува тестирањето на таканареченото небесно такси

 |  инфодеск  | 

Сообраќајниот метеж, големите колони и премногу проведеното време во автомобил на преполните улици се чести сцени во големите градови ширум светот во кои бројот на автомобили одамна ги надмина можностите на инфраструктурата која е испланирана за значително помал број на возила.

Поради овие причини големите градови решиле овој проблем да го надминат со подземните железници, а од компанијата SkyTran (која соработува со NASA) тврдат дека имаат ново и многу поевтино решение во однос на подземната или класичната железница, таканареченито небесно такси.

Станува збор за систем на јавен превоз кој ја користи технологијата на магнетна левитација така што возилата лизгаат по шини кои се наоѓаат десетина метри над земјата и немаат никаков допир со сообраќајот на улиците.

SkyTran го развива овој систем на јавен превоз веќе пет години, а со тестирање започнува наскоро во Тел Авив во кампот на компанијата Israel Aerospace Industries со која соработува на развојот на овие возила. За почеток ќе вози само едно возило кое ќе развива брзина до 100 км на час, а подоцна бројот на возилата би се зголемувал. Ако тестовите поминат успешно, следниот чекор ќе биде имплементација во јавниот превоз во најмалку три града во Израел и во некои американски градови.

Извршниот директор на компанијата, Jerry Sanders, напоменува дека цената на изградба на еден километар подземна железница може да изнесува помеѓу 100 милиони и 2 милијарди долари и потрошувачка на многу енергија, додека трошоците за SkyTran се повеќекратно помали и изнесуваат околу осум милиони долари по километар, а цената на едно возило изнесува помеѓу 25 и 30 илјади долари. Нивниот систем е базиран на магнетска левитација и изграден е од челик и алуминиум така што Sanders тврди дека инфраструктурата за него може да се состави за само неколку дена.

Инаку, работата и технологијата која ја развиваат во оваа компанија ја препозна поранешниот гугловец, Eric Schmidt, чиј фонд Innovation Endeavors вложил повеќе милиони долари во SkyTran.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top