По прв пат набљудувачите приметиле дека на некоја комета се наоѓа етилен алкохол, токму онаков со кој се прават алкохолните пијалоци на земјата. Овие откритија се поклопуваат со доказите дека кометите би можеле да бидат извор на сложена органска молекула која е потребна за создавање на живот, пишува Astronomy now.
“Утврдивме дека кометата Lovejoy испушта количина на алкохол во секунда која е еднаква на 500 шишиња вино. Тоа се случува за време на кулминацијата”, рекол водечкиот автор на студијата Nicolas Biver од опсерваторијата во Париз.
Откриено е дека кометата Lovejoy испушта 21 различна органска молекула, а меѓу нив е и етанолот. Поедини научници веруваат дека кометите кои се замрзнати остатоци настанати со формирањето на на нашиот соларен систем носат молекули потребни за зачеток на живот на Земјата.
Ова откритие е овозможено откако кометата Lovejoy дојде најблиску до Сонцето – 30 јануари. Оваа комета воедно е една од најсветлите и најактивни комети во земјиното орбитално соседство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град