Иако се опремени со најсилен хардвер и софтвер, дури и врвните Android телефони и таблети имаат проблем со перфомансите.
Главните виновници се секако апликациите. Безбедносната компанија AVG објави листа од апликации кои се одговорни за споменатите проблеми на уредите со Android, а се однесува на второто тромесечие од оваа година.
Апликациите се поделени во две групи. Првата ја чинат апликации одбрани од страна на корисниците, а тука најголем проблем прави Snapchat. Snapchat по успорување на уредот успеа да го претекне и Facebook, а за ова е заслужно симултаното користење на камерата, WiFi податоците и GPS.
Уште една неочекувана апликација на списокот е Tumblr – апликација која троши најмногу податоци, повеќе од Netflix и Spotify заедно.
Кога се во прашање апликациите кои се покренуваат автоматски или работат во заднина, на прво место е Facebook, а следува Google Play Services.
AVG истакнува дека целта не им била да ги вознемири корисниците на Android, туку само да ги предупреди и да им укаже на тоа кои апликации треба да се избегнуваат.
Секако, присуството на овие апликации на AVG листата исто така укажуваат и на тоа дека овие се воедно и најпопуларни апликации што кај корисниците може да створи двоумење околу тоа што треба да се направи околу тоа, т.е. кои апликации да се избришат, а кои да се користат и понатаму.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град