Во 1989 година е објавен вториот дел од успешниот прв дел на “Back to the future” во кој легендарниот Marty McFly заедно со својата девојка Jennifer патува во DeLorean – временска машина – по прв пат во иднината, поточно на денешен ден 21.10.2015 година.
По интернет сиве години неколку пати кружеа информации за датумот кога Marty, Jennifer и Doc тргнаа во иднината, но секогаш се работеше за фотошоп на сликата, односно часовникот кој е сместен во временската машина.
Овој пат со сигурност може да се каже дека официјално се наоѓаме во денот кога McFly и Doc тргнаа во иднината.
Иако во сцената веднаш се појавуваат летечки автомобили, тоа сеуште не сме го доживеале, но многу работи предвидени во филмот снимен 1989 година денес станаа реалност, како холограмот, летечкиот скејтборд, паметните јакни и патики, виртуелната реалност и уште многу друго.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град