Апликацијата на Facebook се чини е главниот виновник за брзото празнење на батериите на телефоните на Apple.
До проблемот не доаѓа само додека е апликацијата покрената, односно за време на сурфањето по Facebook, туку и кога не се користи и додека е исклучена опцијата за освежување на содржините на апликацијата во позадина. Програмерот кој ги развива апликациите за iPhone Jonathan Zdziarski смета дека делумично виновник е и следењето на локацијата на корисникот и дека најголемите проблеми ги имаат корсниците кои ја имаат вклучено опцијата за споделување на локацијата. Девелоперот Matt Galligan вели дека поради начинот на кои е направена апликацијата на мрежата на Zuckerberg, Facebook нема да може да го реши овој проблем.
Facebook константно ја следи локацијата на корисникот за апликацијата да има увид во сите места кои биле посетени, но и поради локациските сервиси на Facebook – Messenger и Instagram. Со исклучување на опцијата за освежување на содржините нема да се исклучи следењето на локацијата туку само доаѓањето на нови содржини, но корисниците можат да го ограничат користењето на локациските услуги само за време додека се користи апликацијата.
“Само неверојатната количина на аналитика во Facebook би можело да ја испразни батеријата, независно дали имате или не вклучена опција за следење на локацијата”, рекол Zdziarski.
Овој проблем го потврдиле во најголемата социјална мрежа на светот и велат дека се свесни дека луѓето имаат проблем со батеријата поради нивната апликација за iOS уредите и дека се надеваат овој проблем брзо ќе се реши.
Сопствениците на телефоните на Apple и во минатото имаа слични проблеми со апликацијата на Facebook која брзо им ги празнеше батериите, но најлошо поминуваа оние кои ги имаа активирани овие две опции – позадинското освежување и следење на локацијата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град