Поранешниот шеф на Microsoft, Steve Ballmer, се пофалил на својот Twitter профил дека станал 4% сопственик на втората најголема социјална мрежа на светот.
Ballmer ја искористил приликата и го пофалил новопечениот CEO на Twitter, Jack Dorsey, за покренување на услугата Moments, како и за неговите планови за иновации на Twitter.
Тешко е да се прогнозира каква улога ќе има Bllamer во инвестициската приказна, но едно е сигурно–не планира да се пензионира.
Откако го отстапи местото на шеф во Microsoft на Satyi Nadelli, Bllamer наводно се впуштил во спортски води и купил безбол тим а основал и инвестициски фонд заедно со Mark Penn, исто така ветеран на Microsoft.
Откако Twitter и официјално се надоврзал на твитот на Bllamer, вредноста на компанијата пораснала за 1,88%.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град