Создадена е најголемата мега-компанија за пиво

Уделот на Budweiser, Stella Artois, Corona и останатите брендови, на светскиот пазар на пиво лани беше 21,1%

 |  инфодеск  | 

SAB Miller ја прифати 68 милијарди фунти тешката понуда за превземање на најголемиот светски производител на пиво. Како што објави Reuters, понудата е прифатена во вторник, а се смета за трето најголемо превземање во историјата.

Тоа била четврта понуда на AB InBEV, со оглед дека управата на SAB Miller претходните понуди од 38, 40 и 42 милијарди фунти во кеш ги одбила, тврдејќи дека се прениски.

Тројца од десетте акционери на SABMiller минатата недела јавно признале дека претходните понуди биле прениски, додека извршниот директор на AB InBEV, Carlos Brito ги повикал акционерите на SABMiller да извршат притисок на управата на компанијата.

Рокот за предавање на официјалната понуда е во среда, додека управата на SAB Miller порачала дека ќе размисли дали ќе седне на преговарачката маса.

Со спојување на овие две компании ќе се создаде џин вреден 275 милијарди долари, со оглед на моменталната цена на акциите на тие два производители на пиво, а новата мега-компанија би имала повеќе од 400 брендови во светот и би произведувала една третина од пивото во светот.

Минатата година уделот на AB InBev, производителот на Budweiser, Stella Artois, Corona и повеќе од 200 други брендови, на светскиот пазар на пиво беше 21,1%, а SAB Miller, производителот на брендовите Peroni, Grolsch и Pilsner Urqwuel, држеше 15% од светскиот пазар.

Ако се постигне договор за спојување на овие две компании, во некои земји како што се Кина и САД, регулаторите ќе мора да разгледаат дали не се работи за создавање на монопол на тие пазари.

За многу аналитичари ова превземање ќе значи крај на консолидацијата во таа индустрија, имајќи во предвид дека четири компании AB InBEV, SABMiller, Heineken и Carlsberg веќе се присутни ширум светот и произведуваат повеќе од половина од пивото во светот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top