Американското филмско студио Paramount Picture и продукциската куќа на актерот Leonardo DiCaprio ги добија правата за прикажување на книгата на новинарот на NewYork Times, Jack Ewing, за овој скандал, воедно најголемата криза во која се најде Volkswagen во своето 78 годишно постоење, објавија во понеделникот Paramount и њујоршката агенција Marly Rusoff.
Правата за објавување на книгата, која сеуште нема наслов, се продадени порано овој месец за шестцифрена сума на издавачката куќа Norton, објави Marly Rusoff. Се очекува дека книгата ќе покаже дека начелото “повеќе, подобро, побрзо” доведе до еден од најголемите скандали во корпоративната историја.
Аферата Dieselgate ја тресе автомобилската индустрија веќе некое време откако е утврдено дека Volkswagen во 11 милиони возила вградил софтвер кој ги лажира резултатите од тестирањата за емисија на штетни гасови кај дизел моторите. Најголемиот светски производител на автомобили ги призна лажните резултати, а и германскиот министер за сообраќај ги потврди овие резултати и дека такви возила се продавале и во Европа.
DiCaprio, продуцентот и ѕвездата на “Волкот од Вол Стрит”, со посредство на неговата продуцентска куќа Appian Way, е еден од водечките холивудски борци за заштита на човековата околината.
Засега не се спомнуваат имиња на можни актери или режисери на филмот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град