Европската инвестициска банка ќе истражува дали Volkswagen искористил кредити од таа банка во развојот на системот за измама на тестовите за емисија на штетни гасови и би можела да побара враќање на тие пари, рекол шефот на EIB Werner Hoyer.
“EIB би можела да биде погодена со аферата бидејќи мораме да исполниме одредени климатски цели при давањето кредити”, рекол Hoyer во интервју за Suddeutsche Zeitung, објавено во понеделник.
EIB од 1990 година му одобрил на Volkswagen кредити во износ од 4,6 милијарди евра, помеѓу другото и за развој на мотори со ниски емисии на штетни гасови и отворање на производни погони во Јужна Америка. Од тие бројки, околу 1,8 милијарди евра сеуште не се вратени, пишува весникот.
EIB ќе спроведе темелна истрага за тоа како VW ги користел средствата, рекол Hoyer. Ако се утврди дека средствата се користени во други цели од оние за кои беа наменети, банката ќе мора да се запраша дали ќе бара враќање на тие кредите веднаш. Hoyer додал и дека е многу разочаран од Volkswagen и дека односот на EIB спрема тој производител на автомобили ќе биде значително влошен поради скандалот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град