На праг афера со лажирање тестови и за Samsung

Наодите на Complian TV привлекоа внимание на Европската комисија

 |  инфодеск  | 

Samsung е на раб на скандал кој многу потсетува на аферата со софтверот за фалсификување на податоци на Volkswagen.

Спрема пишувањето на Guardian, независна лабораторија утврдила дека вистинската потрошувачка на електрична енергија на телевизорите на Samsung кои се продаваат во Европа е поголема од вредностите отстварени во официјалните мерења. Официјалните утврдени податоци служат за доделување на енергетски стандарди, а тие на крајот влијаат на цената. Имено, поштедливите уреди се поскапи.

До сознанијата за поголема потрошувачка на енергијата дошла истражувачката група Complian TV која финансиски ја поддржува Европската унија. Утврдено е дека телевизорите на Samsung ја намалуваат светлината на сликата, а со тоа и потрошувачката на струја, кога се врши тестирање по IEC стандардите.

Засега нема докази дека јужнокорејскиот џин, најголемиот светски производител, некогаш се служел со илегални дејствија. Меѓутоа, Guardian пишува дека за оваа приказна се заинтересирала Европската комисија која преку својот портпарол порачала дека ќе ги испита наодите од ова истражување.

Samsung ова остро го демантирал дека во телевизорите имаат уред кој ги лажира податоците и ја негирал споредбата со случајот на Volkswagen.

Но, наодите од Complian TV не се единствени. На почетокот на годината до Брисел се обратила шведската агенција за заштита на околината чија лабораторија исто така утврдила методи со кои можат да се измамат уредите за тестирање. Швеѓаните не го навеле името на производителот, а тоа не го направил ниту британскиот регулатор пред три години во писмото до комисијата. Како што наведуваат медиумите, Британците утврдиле дека некои телевизори имаат прединсталациони поставки кои го менуваат статичниот видео сигнал во динамичен, намалувајќи ја на тој начин светлината и потрошувачката на електричната енергија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top