На светот, кој ужива во кафето, ќе му биде потребен уште еден Бразил, најголем светски производител и извозник на тоа зрно, ако сака да го избегне недостатокот на оваа суровина, пишува агенцијата Bloomberg.
Растечката потрошувачка, особено во земјите во развој, значи дека глобалното производство ќе мора да расте за додатни 40 до 50 милиони вреќи кафе во идното десетлетие”, изјавил претседателот и генерален директор на италијанската компанија Illycaffe за производство на готово кафе, Andrea Illy. Тој додал дека тоа е повеќе од целокупниот род во Бразил.
Ако се земе во предвид заканата од климатските промени, како и ниските цени кои ги обесхрабруваат земјоделците за зголемување на производството, се добива потенцијален проблем, а тоа е како што наведува Bloomberg нешто против што се борат земјоделците, владите и претставниците на индустријата за кафе, на глобалниот форум во Милано.
“Пред или подоцна, во идните месеци или години, ќе мора да донесеме сериозни одлуки во поглед на тоа што го работиме. Не знаеме од каде ќе доаѓа кафето”, рекол Illy.
“Светот се припрема за дефицит во производството на кафе од 3,5 милиони вреќи во сезоната 2015/16”, тврди швајцарската компанија Volcafe.
Таков недостаток, додава Bloomberg, доаѓа по глобалниот дефицит од 6,4 милиони тони во претходната година.
Од почетокот на годината, цената на кафето падна за 27% поради слабеењето на бразилската валута спрема доларот, наведува њујоршката агенција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град