Крај на една ера за Google

Џинот стана дел од уште поголемо бизнис чудовиште

 |  инфодеск  | 

Некој ќе рече “кралот е мртов, да живее кралот”, односно во овој случај “Google е мртов, да живее Google”! Сепак, работите не се така радикални, барем кога е во прашање Google како пребарувачки сервис, неговиот Android, и сите останати услуги и производи кои на крајот ни го збогатуваат времето во кое живееме.

Што се однесува до Google како компанија, тука работите се малку покомплексни и во овој момент е фактот дека во понеделник, кога стартуваат берзите, нема да се тргува со акциите на Google туку Alphabet. Новата мегакомпанија го вшмука Google и сега џиновскиот октопод стана дел од уште поголемо бизнис чудовиште, како што сликовито го претставија бројни аналитичари на пазарите за хартии од вредност.

Google поднесе барање до Комисијата за хартии од вредност на САД, кое е усвоено, а во кое најважната ставка е дека наследник на Google станува компанијата Alphabet која од сега ќе обединува сѐ она што претставуваше Google како компанија, вклучувајќи го и него како таков.

Не е мал бројот што ова го прогласија како крај на една ера, што и не е далеку од вистината, бидејќи Google со статусот на џин во очите на корисниците имаше култен статус и во очите на брокерите, инвестициските куќи, светските берзи и во сите оние кои на дневна база тргуваа со акциите на Google.

Од понеделник веќе нема да е исто, бидејќи Alphabet стапува на сцена во улога на една од најдоминантните компании на планетава, која е сега и мајка и татко на Google.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top