Skype преведувачот достапен за сите Windows корисници

Наскоро Skype Translator ќе биде достапен и на мобилната апликација

 |  инфодеск  | 

Skype Translator излезе од бета фазата и од денес е достапен за сите корисници на Skype апликацијата за Windows.

Оваа програма во реално време ќе го преведува говорот од шест различни јазици меѓу кои се англиски, германски, шпански, италијански и мандарински, а може да преведува и текст од уште 50 ралични јазици.

За да го добиете Skype Translator неопходно е да се ажурира програмот на најновата верзија, а потоа во горниот десен агол ќе се појави икона на планетата. Со кликање на неа ќе се активира преведувачот, што значи дека разговорот ќе се преведува откако ќе започнете со зборување со лицето од другата страна на врската.

Skype Translator сеуште не е совршен, но благодарение на програмското учење за подобрување на прецизноста тој ќе станува подобар ако го користат што повеќе луѓе.

“Сеуште сме на почетокот, меѓутоа денес сме многу подобри во разбирањето на различни нагласоци, како и во зголемувањето на вокабуларот”, истакнал Lee Ott од Microsoft.

Засега Skype Translator е достапен само за Windows, но наскоро би можел да се појави и на мобилната апликација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top