Човекот со златен допир ја превзема модната куќа Ralph Lauren

Дизајнерот Ralph Lauren отстапува од местото извршен директор

 |  инфодеск  | 

Дизанерот Ralph Lauren најави отстапување од местото извршен директор на модната куќа во која вложи 50 години работа, додека на негово место во ноември ќе дојде Stefan Larsson ветеран на H&M и комерцијалната марка на Gap, Old Navy.

Промената на врвот не подразбира и пензионирање на Lauren бидејќи планира да остане на позицијата креативен директор и извршен претседател. “На компанијата и се потрбни промени, а нашата одговорност ќе овозможи квалитетно лидерство. Мојата работа е да се грижам за иднината на компанијата”, рекол Lauren за Financial Times.

Во прилог на Larsson оди фактот дека за време од 15 години на водење на H&M  приходите  се зголемиле од три на 17 милијарди долари. Потоа тука е фактот дека Larsson три години работеше на ребрендирање на OldNavy, поставувајќи го како најголем бренд на Gap кој учествува со 6,6 милијарди во 16,4 милијарди приходи на Gap.

Најверојатно е дека Ralph Lauren компанијата ја препушта во сигурни раце во момент кога добивката во последното тромесечие е за 5,3% помала во однос на минатата година. Токму поради силниот долар и конкуренцијата на пазарот, луксузната стока на Lauren бележи пад во три последователни тромесечија, што резултирало и со преполовена вредност на компанијата за 7,5 милијарди долари во однос на ланските 16,3 милијарди долари.

Но, најавата за доаѓањето на Larsson очигледно на инвеститорите им ја врати надешта и цената на акцијата се опорави за 5% на 108,8 долари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top