Facebook воведе нова можност на профилите, па така корисниците од сега можат да ја анимираат својата профилна фотографија на мобилните уреди. Иако засега оваа опција е достапна само на одреден број корисници, во продолжение можете да дознаете дали се наоѓате меѓу таа одредена група на корисници.
За да го “оживеат” профилот, Facebook воведе можност за анимирање на профилната фотографија, па така ќе може да се додаде видео во траење од максимално седум секунди.
“Кога повеќе од 26 милиони луѓе го користеле нашиот Celebrate Pride filter, стана појасно дека луѓето ги користат своите профилни фотографии за да покажат кои се – дури и на кратко време”, истакнуваат од Facebook.
Како што напоменавме, анимирањето на фотографијата е достапна на мал број корисници и тоа само на оние со iOS уредите, а сѐ што треба да направите е да одите на својот профил и ако има можност за анимирање на фотографијата ќе забележите дека вашата моментална профилна фотографија се наоѓа во средина, а ако се наоѓа на левата страна тогаш не спаѓате во таа група.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град