Во последните десет години светот на социјалните мрежи се промени драстично – Facebook неодамна надмина една милијарда корисници па Zuckerberg воведе бројни новитети на мрежата, Instagram започна како апликација за уредување и споделување на фотографии кои се наменети само за корисниците на iPhone, а денес 400 милиони корисници ги споделуваат фотографиите и видеозаписите, а сѐ попопуларни стануваат Snapchat, Vine и други.
Една од работите кои за време на овие десет години не се смени е ограничувањето на бројот на карактери на Twitter и ден денес изнесува 140, исто како и во 2006 кога беше стартуван. Многумина ова често го критикуваа, но благодарение на тој лимит корисниците своите објави ги фокусираа само на најважното, што по многумина е суштината на Twitter.
Иако оваа социјална мрежа е изнимно популарна и ја користат повеќе од 300 милиони луѓе, бројот на корисници стагнира, а проблемите на компанијата се одразија и на менаџментот, па така Twitter остана без извршниот директор и со компанијата управува привремениот CEO, Jack Dorsey. За време на неодамнешното објавување на финансиските резултати привремениот CEO изрази разочарување со статус квото на компанијата и му стана јасно дека ако сакаат напредок ќе мора да направат промени и да воведат новитети.
“Време е за еволуција на Twitter, колку и да не им се допаѓа тоа на старите корисници”, ја коментирале веста на Tech Crunch која најпрво е објавена на порталот Re/code. На оваа страница велат дека во Twitter развиваат нов производ кој на корисниците ќе им овозможи објава на твит кој е подолг од 140 карактери, но дека во моментов не се познати подетални информации.
Во Twitter очајнички се борат да привлечат нови корисници и укунувањето на ограничувањето од 140 знаци е еден од потезите со кој тоа би можеле да го направат, но прашање е дали тоа проширување ќе го зголеми бројот на корисници или во оваа компанија ќе мора да размислат за некои потполно нови опции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град