Започна огромниот проект “Белград на вода” вреден 3,5 милијарди евра

Меѓу другото во проектот се предвидени 242.000 квадратни метри нови зелени површини

 |  инфодеск  | 

Проектот Белград на вода ќе доведе до раст на БДП, раст на вработувањето, а главниот град на Србија за десет години ќе биде попосетен туристички центар од Будимпешта, порача премиерот на Србија, Александар Вучиќ на полагањето на камен темелникот на проектот.

Српскиот премиер рекол дека многумина се потсмевале на проектот, но тој “има почитување и за тој дел од јавноста бидејќи во Србија секогаш било полесно да се биде против отколку за”.

Претставникот на компанијата “Eagle Hills”, Mohamed Allabar рекол дека Белград на вода е права скапоценост и дека тој и Вучиќ имаат иста цел – да го променат сегашниот амбиент на српската престолнина и да отстварат напредок за Белград и Србија.

Белград на вода ќе биде, утврдил Allabar, економско чвориште на градот и проектот нема да биде само за оние кои ќе живеат во него, туку и за сите граѓани на Белград и Србија кои ќе доаѓаат да се забавуваат, тргуваат, работат или едноставно да уживаат.

На церемонијата на отворањето му претходеа протести “да не го давиме Белград” на кои неколку стотина Белграѓани порачале дека проектот е нетранспарентен и нелегален и дека на територијата на Белград ќе биде прогласена екстериторијалност резервирана само за арапските партнери.

Белград на вода е заедничка инвестиција на Белград, Србија и компанијата од Обединетите Арапски Емирати “Eagle Hills”, а идниот станбено-бизнис комплекс е проценет на околу 3,5 милијарди евра. Спрема договорот, Србија е сопственик на 32% од капиталот додека партнерот од ОАЕ има 68%.

Според проектот е предвидено на површина од 177 хектари да се изградат повеќе од еден милион квадратни метри станбен простор, околу 750.000 квадратни метри бизнис и комерцијален простор и повеќе од 62.000 квадратни метри јавни содржини – градинки, училишта, културни центри, социјални и здравствени установи, а на околу 242.000 квадратни метри ќе има нови зелени површини. Спрема досегашните проценки на тој простор би имало повеќе од 13.000 вработени и повеќе од 17.000 жители.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top