Ракавица која препознава сигнали кои мозокот ги праќа до мускулите

Студент од Сараево изуми револуционерна ракавица-џоистик за која е заинтересиран Microsoft

 |  инфодеск  | 

Студентот од втора година на електротехника и електроника на Интернационалниот универзитет во Сараево, Ермин Подруг, дошол на идеја да направи џоистик кој ги отчитува сигналите кои мозокот ги испраќа до мускулите, кој пак ги обработува и ги праќа на микроконтролер, а понатаму ги процесира и проследува како команди до компјутерот, роботот или градежна машина и слично.

Тој тврди дека верзија од овој џоистик би требало да биде готова за два месеци и дека џоистикот ќе има облик на ракавица со додатни команди на врвовите од прстите.

Овој изум на Ермин, пишува Al Jazeera, го препознал и Microsoft.

“Освоив Microsoft Imagine Cup на национално ниво. Учествував на десетина слични натпреварувања додека бев во средно училиште.Бев на светскиот саем за иновации каде освоив бронзена медаља, и на олимпијада каде освоив сребрена. Освоив прво и трето место на натпреваите на Siemens за микроавтоматизација, и три златни медали на саемите во Загреб и Шибеник”, раскажува Ермин.

Ниту компаниите во Европа не останале имуни на потенцијалот на Ермин, па така го контактирале финансиски инвеститори кои неговиот проект го виделе во полуфиналето на Microsoft Imagine Cup.

“Кога виделе за што се работи, одлучиле да ме контактираат со желба да инвестираат и да го поддржат овој проект. Следните чекори се на завршување на првиот потполно функционален прототип и побарувачка на производителите”, вели Ермин.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top