Во Каталонија денес се одржуваат регионални парлементарни избори кои се доживуваат како референдум за отцепување на тој богат регион од Шпанија, доколку избирачите се определат за партиите кои се залагаат за независност на Каталонија.
Спрема најновите анкети, се очекува дека сепаратистичките партии ќе освојат мнозинство од вкупно 135 места во парламентот. Тие најавуваат дека ќе прогласат еднострана независност за 18 месеци, но истражувањата покажуваат дека шансите за Каталонија стане независна се сведуваат во доменот на теорија.
Имено, само 20% од каталонските бирачи веруваат дека сецесионистичката кампања ќе доведе до отцепување, пренесува Reuters.
Шпанските медиуми наведуваат дека истражувањата на Центарот за студии на јавното мислење покажуваат дека прашањето за сецесија е на петто место од листата најважни теми за Каталонците – под невработеноста, незадоволство од политиката и состојбата во земјоделието.
Поделеноста на Каталонците по прашањето на независност воочи изборите сугерира дека и покрај јавните изјави на каталонските политичари, граѓаните веруваат дека целта на сепаратистичкото движење е всушност прагматично настојување да се изборат отстапки од централната влада во Мадрид.
Спрема последните анкети, борците за независност би можеле да освојат тесно мнозинство.
Каталонија е една од 17-те автономни покраини во Шпанија, а официјално е призната како историска нација во Каталонскиот автономен статут усвоен во 1979 година во склад со шпанскиот Устав од 1978 година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град