Пет причини зошто треба почесто да се јаде тиква

Станува збор за зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот

 |  инфодеск  | 

Крајот на летото и почетокот на есента е период во кој лесно се доаѓа до тиква. Станува збор за зеленчук кој е богат со хранливи материи кои го зајакнуваат организмот, а често тиквата ја занемаруваме во нашето мени.

Ја одржува тежината – Тиквата е зеленчук со слатко и брашнасто месо со жолта боја, и портокалова кора и може да биде тешка од 10 килограми и повеќе. Во стотина грами на нејзиниот плод се наоѓаат помалку од 30 калории и 90% вода поради што спаѓа во диетална намирница. А над сѐ, редовна конзумација го намалува лошиот холестерол во крвта.

Заштитник на имунитетот – Бојата на месото и кората сугерира дека станува збор за зеленчук богат со бета каротен. Тоа е антиоксидант кој го штити организмот од влијанието на слободни радикали, го чува здравјето на очите и го зајакнува имунитетот. Јакнењето на организмот го помагаат и витамините Ц, Е, и К кои исто така се наоѓаат во овој зеленчук, како и калиумот, калциумот и железото.

Ја поттикнува работата на органите за варење – Во тиквата се наоѓаат мноштво на прехранбени влакна. Петкинот и целулозата ја подобруваат работата на органите за варење и ги смируваат желудочните потешкотии, па така поголемата конзумација на тиква се препорачува за лицата кои страдаат од запек и воспаление на дебелото црево.

Извор на протеини – Покалорично од месото од тиква се нејзините семки во кои се наоѓаат 45% масти и 25% белковини па се сметаат за одличен извор на протеини од растително потекло. Протеините ги надоместуваат оштетените станици од бубрезите, црниот дроб и мускулите, како и косата, ноктите и коските.

Чувар на простатата – Маслото од семките на тиквата лесно е за варење, содржи есенцијални масни киселини, а неговата конзумација се препорачува на мажите бидејќи благотворно делува на воспалени процеси на простатата

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top