Македонски камиони среде царинскиот спор меѓу Хрватска и Србија

Од полноќ забрана за влез во Хрватска на возила со српски регистарски таблички

 |  инфодеск  | 

Неколку камиони од Македонија во раните утрински часови го блокирале сообраќајот на граничниот премин Бајаково помеѓу Хрватска и Србија, јавува Танјуг и пренесува дека хрватските власти од тој премин ги враќале возилата и патниците со српски пасоши.

Камионите кои превезуваат расиплива роба се паркирале на меѓуграничниот простор помеѓу Батровац и Бајаково незадоволни од повеќедневното чекање и се закануваат дека ќе ја истоварат робата на тој простор, а хрватската полиција се обидува да го реши проблемот.

Известувачот на Танјуг, повикувајќи се на српската гранична полиција, јавува дека по примената на српските против мерки во спорот со Хрватска за бегалците, оневозможен им е влез на сите возила и лица со српски пасоши. Неколку возила и автобуси се вратени од граничниот премин, а патниците изјавиле за Танјуг дека не ги пуштиле во Хрватска со образложение дека ниту едно српско возило ниту државјанин не можат во Хрватска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top