Сервисот во сопственост на Facebook го престигна Twitter

Популарната социјална мрежа го престигна Twitter со повеќе од 400 милиони корисници

 |  инфодеск  | 

Социјалната мрежа за размена на фотографии и видео записи, Instagram, објави дека бројот на нејзини корисници ја премина бројката од 400 милиони, со повеќе од 80 милиони разменети фотографии дневно.

На почетокот од годината сервисот во сопственост на Facebook имаше 300 милиони корисници месечно за во меѓувреме го престигнат Twitter колку што денес брои.

“Иако пресвртниците како оваа се важни, сепак ова за нас е возбуда што на секого од нас му овозможува светот да биде помал благодарение на визуелната комуникација”, објавил Instagram на својот блог.

Повеќе од половина од новите 100 милиони корисници на Instagram живеат во Европа и Азија, а најголем раст на корисници се забележани во Бразил, Јапонија и Индонезија.

Пописот на познати корисници по чии стапки набрзо тргнале и многу други, меѓудругите се Дејвид Бекам, Кејтлин Џенер, Тони Крос и други.

Instagram овој месец го претстави и новиот план за огласување со кој отвора низа нови можности за глобален маркетинг.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top