Сергеј Пугачев, тајкун кој некогаш го нарекуваа “банкарот на Путин” поради неговото влијание во Кремљ, поднел тужба против Русија за повеќе од 10 милијарди долари откако беше разбиено неговото бизнис царство и откако падна во немилост кај претседателот Путин.
Адвокатите на Пугачев поднеле барање против Русија кое најверојатно ќе биде сослушано од Постојаниот арбитражен суд во Ден Хаг, рекол за Reuters извор близок до Пугачев.
Засега нема реакција од руската влада која бара апсење на Пугачев поради измама и противправно присвојување на имот, а кои Пугачев ваквите обвинувања ги отфрла.
Москва веќе се бори против друго вакво обвинение на истиот суд од 2014 година кој нареди Москва да плати 50 милијарди долари за експроприран имот на Јукос, некогаш најголем руски производител на нафта кој го водеше Михаил Ходорковски.
“Пугачев сака лицата кои се одговорни за превземање на неговите бизниси, вклучувајќи ги оние во Кремљ, да бидат именувани и да бидат посрамотени”, рекло лицето блиско до Пугачев под услов да остане анонимно.
Откако ја напушти Русија во 2011 година Пугачев (52) ги обвини сојузниците на Путин дека го фрлиле на колена неговото бизнис царство вредно повеќе милијарди долари.
Пугачев ја основа Межпромбанк или Меѓународната индустриска банка во 1992 година по пропаста на Советскиот Сојуз. Таа порасна во една од најголемите руски банки со удели во северните балтички бродоградилишта и во големите резерви на јаглен во Сибир.
Откако му помогна на Путин да дојде до највисоката позиција во Русија во 1999 година, Пугачев падна во немилост, заедно со некои од најмоќните сојузници на Путин, во годините по финансиската криза во 2008 година.
Руските власти тврдат дека Пугачев присвоил 700 милиони долари од програмата за помош на Руската централна банка кои биле наменети да му се помогне на Межпромбанката да ја преброди кризата.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град